19.05.2023 Скопје
Градскиот совет на Сплит по седница која траеше 15 часа донесе одлука за јавен ред и мир на подрачјето на Сплит, според која во текот на туристичката сезона ќе се казнува несоодветно постапување на јавни места.
Според таа одлука, глоба од 300 евра ќе се казни консумација на алкохол на јавна површина, нудење на јавна површина, спиење во паркови, тревници, плоштади и други јавни површини; консумирање храна или пијалоци на јавни површини и престој во угостителски објекти по завршување на работното време.
Прифатена е и измена за парична казна од 300 евра за качување и седење на споменици и спомен-плочи, влегување, качување и/или капење во фонтани и нудење и склучување договор за такси услуга што не била однапред договорена.
Казна од 150 евра ќе се изрече за повраќање на јавни површини, како и градежно-монтажни работи од 14 до 17 часот и од 22 до 19 часот, за да се спречи бучава.
Подготвено од А.Ѓ.