08.05.2023 Скопје
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека родителите треба да преземат поголема и посериозна одговорност во контрола на децата, зајакнување на системот на контрола во образовните институции, подигнување на степенот на образование и зајакнувањето на стручните служби кои ќе се грижат за менталното здравје на децата, би помогнало многу во процесот да не дојде до состојби за кривична одговорност кај малолетници.
Според Спасовски, не треба ниту еден од оние вртлози да биде отворен, туку напротив да се отвори една широка дебата, и сепак одлуките да се носат не водени од емоциите, туку да се носат од разумот, она што е рационално во еден момент да може да се направи. Така што, кога се работи за безбедноста сите опции коишто ќе ја подобрат безбедноста, вреди и да се размисли и да бидат прифатени.
„Меѓутоа и како родители секој од нас има една сериозна одговорност во овој дел. Да размислиме сериозно дали и кога е границата во којашто ние ќе дозволиме децата да имаат смарт телефони, пристап до интернет. Затоа што сепак гледаме дека таквиот пристап на сите нас како граѓани придонесува едноставно на децата да им дадеме таканаречено оружје во раце со пристап до тие социјални медиуми, до интернет. Времето на развојот на технологијата ги овозможува сите тие активности. И ние не треба да се враќаме сега назад чекор кон развојот на општеството. Меѓутоа треба да создадеме услови коишто ќе гарантираат безбедност во таа фаза“, нагласи министерот за внатрешни работи Спасовски.
Подготвено од А.Ѓ.