12.05.2023 Скопје
Советот на американски амбасадори денеска ќе престојува во посета на законодавниот дом на Република Северна Македонија.
Американските амбасадори во Собранието ќе се сретнат со претседателот Талат Џафери.
Предвидено е Советот на американски амбасадори денеска да има средби и со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, како и со лидерите на партијата ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицксоки и на движењето БЕСА Билал Касами.
Подготвено од М.Н.