sojuz na srednoskolci polaganje matura

12.05.2023 Скопје

Од Сојузот на средношколци, истакнуваат дека Законот за средното образование го смета одржувањето на матурскиот испит на крајот од секоја учебна година за должност на институциите, и ако не се одржи државната матура, ќе се создадат огромни проблеми за оваа генерација матуранти кои планираат да студираат во високото образование.

Можното неодржување на државната матура најмногу ќе им наштети на матурантите кои планираат да студираат во странство, а според анализите кои ги спроведе Сојузот на средношколци, овој број изнесува 12 отсто од секоја една генерација.

Сојузот на средношколци ја потсетуваат јавноста за нивниот ангажман во месец март, за соодветно адаптирање на државната матура во интерес на сите средношколци и апелираат до возрасните да не ја доведуваат иднината на овие матуранти под прашање.

Подготвено од М.Н.

About Author