https://www.facebook.com/airserbia/photos/3407365252810887

18.05.2023 Скопје

По повод првиот лет од Белград до Чикаго, авиокомпанијата Ер Србија организираше свеченост во Културниот центар во Чикаго, а генералниот директор на компанијата, Јиржи Марек, изјави дека неговата компанија испишала историја.

“Тоа беше фантастично чувство. Не само што пристигнавме еден час порано, туку докажавме дека Србија и Чикаго се многу поблиску отколку што изгледа. За мене најголемото искуство е тоа што најдов патник кој беше на последниот лет на 17 мај 1992 година“, рече Марек.

Тој истакна дека летот поминал добро и дека сите патници се задоволни од летот.

„Највозбудливо беше што на истиот лет имавме патник кој беше на последниот лет на 17 мај 1992 година, но и патник кој не беше ни роден тогаш. Имавме одличен генерациски микс и мислам дека направивме историја“, рече генералниот директор на Ер Србија.

Марек нагласи дека следната цел на Ер Србија ќе биде воспоставување линии до повеќе дестинации во Кина, како и во Јужна Америка.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author