23.05.2023 Скопје
Американскиот дигитален гигант Мета, казнет со 1,2 милијарди долари од ирскиот комесар за приватност, би можел да иницира нови, тешки намалувања на персоналот од утре.
Според аналитичарите отпуштањата би се однесувале и на тимовите задолжени за модерирање на содржината на Фејсбук и Инстаграм, како и за политиките и правилата на социјалните платформи.
Накратко, отпуштањата би можеле да ги направат Фејсбук, Инстаграм и WhatsApp „поопасни“, особено во време на силни геополитички тензии.
Пред три месеци, Мета објави дека спречила операција на Русија за влијание врз западните ставови за војната во Украина. Слични обиди би можеле да се интензивираат следната година, имајќи ги предвид и претседателските избори закажани во САД во ноември 2024 година, предупредуваат аналитичарите.
Подготвено од М.Н.