02.05.2023 Скопје
Инфлацијата во европските земји кои користат евро во април се искачи на седум отсто, додека притисокот врз домаќинствата се зголемува.
Европската инфлација дополнително се зголеми минатиот месец, зголемувајќи го притисокот врз домаќинствата и задржувајќи го притисокот врз Европската централна банка за уште едно зголемување на каматните стапки.
Податоците објавени од страна на статистичката агенција на Европската унија, Евростат, покажуваат дека потрошувачките цени во 20-те земји кои користат еврото скокнаа за седум отсто во април во однос на претходната година, нешто помалку од годишната стапка од 6,9 отсто во март.
Цените на храната благо паднаа, паѓајќи на годишни 13,6 отсто од мартовските 15,5 отсто, додека цените на енергијата пораснаа за поскромни 2,5 отсто.
Базичната инфлација, која ги исклучува храната и горивото, малку забави, но остана висока. Изнесуваше 5,6 отсто, поради што се очекува ЕЦБ да продолжи со обидите да ја ограничи инфлацијата со зголемување на каматните стапки. Прашање е само колку брзо ќе оди поскапувањето.
Аналитичарите велат дека состанокот на ЕЦБ во четврток во Франкфурт би можел да заврши со зголемување на каматните стапки за четвртина или половина процентен поен.
Подготвено од А.Ѓ.