18.05.2023 Скопје
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со заменик министерката, Вјолца Бериша, државниот секретар Реџаил Исмаили, директорот на Управата за водостопанство Исни Јакупи и градоаначлникот на општина Кичево, Фатмир Дехари вчера го означија почетокот од изградбата на системот за наводнување Колибари-Црвивци.
Николовски истакна дека капиталните инвестиции во водостопанството се еден од петте приоритети на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за оваа година и додаде дека 884,9 милиони денари од буџетот на министерството се наменети кон Управата за водостопанство за да може навремено да се реализааат планираните капитални проекти во делот на водостопанството.
Системот за наводнување Колибари-Црвивци се наоѓа во југозападниот плански регион во општина Кичево и опфаќа површина од 160 хекатари обработливо земјоделско земјиште од селата Колибари и Црвивци. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 110 милиони денари, средства од буџетот на МЗШВ, стои во соопштението на Министерството.
Ова е шестти по ред систем за наводнување по Славишко Поле, Конопница, Теарце, Чаушица и Пишица, а за оваа година предвиден е почеток на изградба на уште два система за наводнување во Сопот и Новаци. Сите овие системи целосно се финасирани од страна на Европската Унија со вкупна поддршка од над 10 милиони евра, стои во соопштението на МЗШВ.
Подготвено од М.Н.