https://www.facebook.com/photo.php?fbid=624356445824319&set=pb.100047499063575.-2207520000..&type=3

18.05.2023 Скопје

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Украина го загрозува суверенитетот на Унгарија со намера да го крене во воздух гасоводот Дружба, кој испорачува руски гас во Унгарија.

Тој во својот говор во унгарската амбасада во Виена се осврна на написот на Вашингтон пост во кој се наведува дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, предложил да се крене гасоводот во воздух.

Веста за изјавите на Зеленски вчера претпладне беше објавена и во унгарскиот весник „Ориго“. Во текстот се тврди дека таргетирањето на „Дружба“ го одобрила и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Ваквата закана е контрадикторна на унгарскиот суверенитет бидејќи прашањето за безбедноста на снабдувањето со енергија е прашање на суверенитет. Кога некој повикува на неможност за снабдување со енергија на Унгарија, тој всушност го напаѓа унгарскиот суверенитет“, нагласи Сијарто.

Сијарто рече дека Украина станува сè понепријателски настроена кон Унгарија, бидејќи унгарските училишта во Закарпатија нема да можат да работат од 1 септември, а унгарската банка ОТП во Украина е ставена на листата на меѓународни спонзори на тероризмот.

Шефот на унгарската дипломатија вети дека ќе блокира каква било помош за Украина на ниво на ЕУ додека Киев не го отповика статусот на спонзор на меѓународниот тероризам што и го додели на ОТП банка.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author