30.05.2023 Скопје
Црвеното вино е еден од омилените пијалоци ширум светот, а во некои земји денот без овој пијалок е речиси незамислив.
Многумина веруваат дека една чаша црвено вино дневно е одлична за здравјето, особено за срцето и крвните садови, а постојат и студии кои се занимаваат со тоа.
Се разбира, ова се умерени количини, така што ниту едно истражување не поддржува прекумерно внесување на овој пијалок.
Црвеното вино се смета и за одговорно за феноменот познат како француски парадокс. Имено, познато е колку Французите уживаат во овој пијалок, па после ручекот задолжителна е чаша црвено вино доколку сте во Франција, а се верува дека токму поради ова има мал број на заболени од срцеви заболувања во оваа земја, иако во исто време консумираат многу храна која го зголемува холестеролот.
Благодарение на своите антиоксиданси, црвеното вино е одлично и за превенција од рак.
Исто така, виното го намалува ризикот од деменција и Алцхајмерова болест, а одлично е и во спречување на депресија.
Препорачаната дневна доза за жените е околу една чаша, додека мажите можат да пијат најмногу до две.
Подготвено од А.Ѓ.