03.05.2023 Скопје
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на приштинските приштински институции Албин Курти во текот на вчерашниот ден со посредство на ЕУ ја усвоија Декларацијата за исчезнати лица, која ја објави Службата за надворешни работи на Унијата.
Во текстот на Декларацијата се наведува:
– Истакнувајќи ја важноста од решавање на судбината на преостанатите исчезнати лица, со цел да се стави крај на страдањата на нивните најблиски и да се промовира трајно помирување и мир;
– Имајќи предвид дека оваа Декларација го следи разбирањето на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) за исчезнатите лица, што вклучува лица кои биле насилно исчезнати;
– Потсетувајќи дека сите категории на исчезнати лица ќе бидат третирани со еднаков приоритет;
– Признавајќи ја важната работа направена од Работната група за исчезнати лица, со која претседава МКЦК;
– Поттикнување на соработката со другите релевантни актери во областа на исчезнатите лица, особено со Меѓународната комисија за исчезнати лица (ICMP);
– Признавајќи го проблемот со исчезнатите лица како хуманитарен;
– Истакнувајќи ја итната потреба од дополнителни напори за ублажување на човечките страдања на семејствата.
Заеднички се обврзуваме на:
– да се обезбеди целосно спроведување на соодветните обврски во областа на исчезнатите лица,
– тесно да се соработува за идентификација на погребните места и следење на ископувањата,
– да се обезбеди целосен пристап до веродостојни и точни информации за да помогне во лоцирањето и идентификувањето на преостанатите исчезнати лица во периодот од 1 јануари 1998 година до 31 декември 2000 година. Ова ги вклучува сите материјали, белешки, наредби, документи, видеа, аудио снимки и сите други документи, вклучително и оние со доверлив статус, кои ги поседуваат институциите на двете страни, релевантни за овој контекст,
– да ја стават на располагање целата домашна и меѓународна документација релевантна за утврдување на судбината на преостанатите исчезнати лица,
– да се користат сателитски податоци, ЛИДАР и друга напредна технологија во откривањето на масовни гробници,
– да се овозможува и поттикнува активно вклучување на семејствата на исчезнатите лица во процесот на идентификување на нивните судбини,
– адекватно да се обезбедат правата и да се одговори на потребите на семејствата на исчезнатите лица,
– да се формира и да се работи заедно преку Заедничка комисија со која претседава Европската унија и надгледувана од МКЦК со цел да се поддржат напорите за решавање на судбината на преостанатите исчезнати лица,
– да се следи и поддржува работата и напредокот постигнат од Работната група за исчезнати лица преку Мешовитата комисија.
Во овој контекст, страните ќе ги разгледаат и ажурираат Условите за работа и Општата рамка на Работната група.
Во соопштението за печатот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, се наведува дека Белград и Приштина се обврзале и на следниот состанок да договорат оперативни детали за нормализација на односите на ниво на главните преговарачи, со посредство на ЕУ.
Од 6.065 случаи на исчезнувања во периодот од 1 јануари 1998 до 31 декември 2000 година, 1.621 останале нерешени.
Подготвено од А.Ѓ.