kinaa

11.05.2023 Скопје

Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг истакна дека продолжувањето на војната во Украина може да доведе до негативни последици.

„Продолжувањето на војната само ќе доведе до нови тешкотии. Неопходно е прекин на огнот да се случи што е можно поскоро“, рече Чин на средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Тој нагласи дека конфликтот во Украина треба да се реши со политички методи кои ќе помогнат да се најде „патот за долгорочна безбедност во Европа“.

„По прашањето за Украина, позицијата на Кина е да ги олесни мировните преговори“, рече кинескиот министер за надворешни работи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author