spanija digitalna tehnologija

29.05.2023 Скопје

Шпанското Министерство за индустрија, трговија и туризам започна со инвестиција за помош во вредност од 218 милиони евра за зајакнување на дигиталната и еколошката трансформација на индустријата.

Според објавеното соопштение, рокот за поднесување барања за помош од компаниите, доделени според Националниот план за закрепнување и отпорност (ПНРР) веќе е започнато, а ќе трае до 28 јуни и потоа ќе се разгледуваат сите доставени барања и ќе се додели потребната помош на компаниите.

Тематските области на тендерот опфаќаат аспекти како што се кружна економија и еко-иновации применети за подобрување на синџирите на вредност, декарбонизација, енергетска ефикасност, нови извори на обновливи извори на енергија и намалување на загадувачките емисии, материјали и напредни производи, иновации во квалитетот и безбедносните процеси, стои во сппштението од шпанското министерство.

Подготвено од М.Н.

About Author