https://www.facebook.com/olafscholz/photos/10160736346259311

02.05.2023 Скопје

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Германија ја следи состојбата, дали Украина користи германско оружје што и е доставено за напади на руска територија.

„За нас како држава е многу важно оружјето што го снабдуваме и со кое Украина може да се одбрани да не се користи за напад на руска територија“, истакна Шолц.

Шолц нагласи дека Германија никогаш не презема „еднострани чекори“, туку секогаш дејствува во „договор со партнерите“, и додаде дека политиката на Берлин не вклучува само поддршка за Киев, туку и спречување на ескалација на конфликтот меѓу Русија и земјите од НАТО.

Подготвено од М.Н.

About Author