15.05.2023 Скопје
Германскиот канцелар Олаф Шолц на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена за мир, но тоа не може да значи замрзнување на кофликтот и прифаќање договор диктиран од Русија.
Шолц за време на првата посета на Зеленски на Германија од почетокот на руската воена агресија во Украина истакна дека Русија мора да ги повлече своите војници, и на друг начин нема како да функционира.
Зеленски изјави дека Украина е подготвена да разговара за надворешни мировни предлози за ставање крај на руската инвазија во целосен обем, но дека тие предлози треба да се засноваат на позицијата и мировниот план на Киев.
Украинскиот претседател додаде дека Украинците веруваат во успехот на контраофанзивата против руските сили и дека Киев и неговите западни сојузници би можеле да го направат поразот на Русија во војната во Украина „неповратен“ оваа година.
Подготвено од А.Ѓ.