09.05.2023 Скопје
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Стразбур силно се заложи за проширување и создавање геополитичка Европска Унија, ориентирана кон иднината.
Шолц истакна дека минатата година е донесена важна одлука во обликувањето на геополитичка Европа со доделување кандидатски статус на неколку земји, а со некои од нив се отворени и пристапни преговори.
Германскиот канцелар додаде дека не се работи за алтруизам, туку дека има економски причини за тоа и дека се работи за кредибилитетот на Европската унија.
Шолц истакна дека се работи и за мир во Европа по пресвртницата претставена со рускиот напад врз Украина, и потенцираше дека правичната политика на проширување значи исполнување на ветувањата дадени пред се на земјите од Западен Балкан на кои пред 20 години им беше ветена европска перспектива.
Подготвено од М.Н.