23.05.2023 Скопје
Германскиот канцелар и министер за финансии Олаф Шолц и Кристијан Линднер подготвуваат план за пополнување на минусот од 20 милијарди евра во буџетот за 2024 година со намалување на трошоците во сите ресори освен во одбраната.
Поточно, трошењето би се намалило за два до три отсто за речиси сите министерства. Оваа заштеда би овозможила да се добие околу половина од минусните 20 милијарди евра, но останува да се разјасни како ќе се покрие остатокот на јавните сметки.
Претседателот на Либерално-демократската партија (ФДП), Линднер, исто така, ќе има за цел да ги намали социјалните трошоци, но Социјалдемократската партија на Германија (СПД), која го предводи Министерството за труд и социјала заедно со Хубертус Хајл, е против тоа.
Штедењето може да доведе до отворање на понатамошен фронт со Зелените, чиј експонент е министерот за економија и заштита на климата, Роберт Хабек, кој поддржува зголемување на даноците, особено за повисоки приходи, како средство за премостување на буџетскиот јаз.
Буџетската ситуација на Германија ќе биде „понапната во наредната година“, бидејќи „далеку поголем“ дел од трошоците ќе биде наменет за плаќање на долговите.
Се очекува федералната влада да потроши повеќе од 40 милијарди евра за оваа намена, што е значително повеќе од четирите во 2021 година.
Буџетско ограничување предвидено со германскиот Устав беше суспендирано во 2020 година за да се финансира прво одговорот на кризата со коронавирус, а потоа и енергетската.
Подготвено од М.Н.