19.05.2023 Скопје
Северна Кореја ги обвини Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја дека спроведуваат тактика на постојана „нуклеарна уцена“ против Пјонгјанг и се закани дека ќе реагира на „воинствено лудило“ на двата сојузници како одговор на нивните заеднички воени вежби.
Во последните месеци Пјонгјанг ги откри плановите за нови минијатуризирани нуклеарни боеви глави, а оваа недела лидерот Ким Џонг-ун го прегледа првиот шпионски сателит на Северна Кореја, кој земјата има намера да го стави во орбитата во блиска иднина.
Лансирањето на шпионски сателит од Северна Кореја би претставувало кршење на повеќе меѓународни санкции кои и забрануваат на земјата да користи балистичка технологија за каква било цел или употреба. Ова во последните денови го изјави заменик-портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател, додавајќи дека САД ќе преземат мерки доколку Пјонгјанг одлучи да продолжи со ставање на сателитот во орбитата.
Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол минатата недела го објави назначувањето на поранешниот министер за одбрана Ким Кван-Џин за шеф на новата комисија чија задача е да обезбеди „преголема“ воена супериорност во одговорот на корејските провокации на Северот.
Сепак, изборот на поранешниот министер се чини дека е предодреден да ги подгрее меѓукорејските тензии. Ким всушност е познат како нефлексибилен „јастреб“ против Пјонгјанг, чии цврсти позиции во корист на мускулна конфронтација со Северот го заслужија во минатото.
Во последниве години, Ким беше под истрага и за наводен план да прогласи воена состојба, иако наводите никогаш не резултираа со формални обвиненија.
Подготвено од М.Н.