https://www.facebook.com/RexhepTaipErdogan/photos/pb.100044650204071.-2207520000./2595998940506057/?type=3

15.05.2023 Скопје

Додека пребројувањето на гласовите продолжува во Турција, гласовите од трите најголеми градови Истанбул, Анкара и Измир би можеле да го променат исходот од изборите.

Досега во Турција се преброени повеќе од 60 отсто од гласовите, а во моментов води Реџеп Таип Ердоган, но поголемиот дел од гласовите во најголемите градови допрва треба да се пребројат.

Истанбул има 16 милиони жители, додека главниот град Анкара и западниот град Измир имаат вкупно 10 милиони жители, а во сите три се преброени само половина од гласовите.

Медиумите во Турција шпекулираат дека Кемал Киличдароглу води во Измир и Истанбул, додека во Анкара Ердоган е тесно во водство.

Градоначалникот на Анкара изјави дека Киличдароглу ќе победи кога ќе дојдат резултатите од овие три големи градови.

На социјалните мрежи се огласи и Реџеп Таип Ердоган каде им се заблагодари на турските гласачи за нивното учество на изборите и ги повика функционерите на неговата партија да не ги напуштаат гласачките кутии до конечното пребројување.

Подготвено од М.Н.

About Author