evropskata komisija zabrani upotreba na tik tok na vrabotenite

08.05.2023 Скопје

Земјите ширум светот воведуваат целосни или делумни забрани за ТикТок во јавниот сектор поради зголемени грижи за националната безбедност. Но, исто така и сè поголем број приватни компании еднострано ја блокираат апликацијата бидејќи американската влада размислува за целосна забрана доколку кинеските сопственици на ТикТок не продадат американска верзија на апликацијата.

Мината недела, Обединетото Кралство и Нов Зеланд објавија мерки за блокирање на ТикТок од државните уреди. Ова ги зголеми дополнително тензиите меѓу сопствениците на апликацијата и западниот свет.

Белата куќа минатиот месец им даде на федералните агенции 30 дена да го отстранат ТикТок од сите телефони и системи. Одделот за правда и ФБИ во моментов ја истражуваат социјалната мрежа за следење на новинари преку апликацијата.

Монтана стана првата држава во Америка која донесе закон за забрана на апликацијата ТикТок на лични уреди. Приказната за забраната на ТикТок трае подолго време и американските власти постојано изразуваа загриженост за заканата по националната безбедност преку споделување на кориснички податоци. Монтана стана првата американска држава што го забрани ТикТок. Доколку гувернерот Грег Џанфорте го потпише усвоениот закон, тој ќе стапи на сила во јануари 2024 година.

Кинеската компанија ByteDance веќе најави дека преку правни средства ќе се спротивстави на оваа одлука. Предложениот закон оваа американска држава наведува дека „ТикТок“ претставува ризик од надзор од кинеските власти над американските корисници.

Упадот во приватноста и заштитата на личните податоци беа првичните мотиви за банирање на ТикТок, но се понагласени се и причините како опасните активности кај помладите корисници кои се доминантни корисници на оваа социјална мрежа. Како примери се наведуваат борјните игри со предизвици кои се опасни по животот и безбедноста, како случаи во кои се воздигнуваат и оправдуваат насилни активности, па дури и убиства и самоубиства.

Земјите кои воведоа делумна забрана, што значи дека апликацијата нема да биде дозволена на официјалните телефони на јавните службеници, се: САД, Канада, Нов Зеланд, Тајван, Финска, Шведска, Франција, Австрија, Шпанија, Португалија, Холандија, Белгија, Литванија, Латвија, Естонија, Германија, Велика Британија, Чешка, Полска, Романија, Бугарија, Словенија, Италија, Словачка, Хрватска, Унгарија, Данска и Грција.

Во овие земји забранатa за ТикТок се однесува за владините уреди, но не и за приватните телефони. Земји кои воведоа целосна забрана за ТикТок се Индија, Авганистан и Индонезија. Во меѓувреме, Пакистан и Бангладеш воведоа привремена забрана.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author