sabotaza severen tek

23.05.2023 Скопје

Ниту една тајна служба не знае кои се диверзантите на Северен тек 1 и 2, гасоводите меѓу Русија и Германија преку Балтичкото Море кои што експлодираа на 26 септември 2022 година, изјави Бруно Кал, директор на Федералната информативна служба (БНД) во Германија.

Директорот на германската надворешна разузнавачка агенција забележал дека во врска со причините за експлозијата на Северен ток има индиции во сите можни правци.

Кал истакна дека ниту една земја во светот, ниту една разузнавачка служба во светот моментално не може да ја припише саботажата на балтичките гасоводи на еден или повеќе сторители.

Во исто време, директорот на БНД не ја исклучува можноста да има дополнителен напредок во истрагата за експлозиите што ја водат Германија, Данска и Шведска.

Подготвено од М.Н.

About Author