https://www.facebook.com/jspskopjee/photos/2275800109217166

10.05.2023 Скопје

На 6 март Град Скопје објави јавен повик со кои се бараа превозници на дури 16 линии. Линиите беа поделени во три пакети, за кои се наведени и минималните потребни техничко-технолошки елементи за одржување на линиите.

Со објавениот јавен повик, приватните превозници веќе почетокот на април требаше да се вратат на патиштата и скопјани да имаа веќе понормален градски превоз.

Но, за жал градоначалнилката Данела Арсовска не кажува се уште дали огласот за враќање на приватните превозници како дел од јавниот превоз во Скопје е успешен или пак ќе го поништи како минатиот пат без да даде објаснување зошто.

Четвртиот оглас кој беше распишан на 10 април траеше до 24 април, но Арсовска не кажува ништо, иако пола година јавниот превоз во Скопје е во колапс и граѓаните со саати чекаат на автобуските станици. Освен, тоа што се редуцирани автобусите, изминатите месеци од граѓаните можевме да слушнеме голем број на жалби во врска со техничките проблеми на самите автобуси, како и нивната нехигиеност.

Од кабинетот на Арсовска и на страната на Град Скопје не е објавена никаква информација во врска со главниот проблем со кој во моментов се соочуваат жителите. Одговори нема ниту на новинарските прашања и за Арсовска не е никаков проблем што новинарите со недели бараат одговори на прашањето од неа, а таа не одговара и ги игнорира. Како и цел мандат од година и пол, и сега Арсовска не одговари на прашањето дали воопшто има намера да ги врати приватните превозници во јавниот превоз.

Ниту приватните превозници не знаат што се случува со огласот и дали воопшто Арсовска има намера да ги врати во јавниот превоз.

Јавниот превоз во Скопје пола година е во колапс. Откако Арсовска се скара со приватните превозници на улиците нема доволно автобуси оти ЈСП „Скопје“ нема капацитет да ги одржува сите линии.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author