18.05.2023 Скопје
Советникот на Бајден за национална безбедност Џејк Саливан во авионот на пат за Јапонија, каде американскиот претседател ќе присуствува на самитот на Групата седум во Хирошима, изјави дека американскиот претседател Џо Бајден не планира да се извини во име на САД за употребата на атомската бомба во нападот на Хирошима во 1945 година.
Саливан изјави дека Бајден, како еден од лидерите на Г7, ќе и оддаде почит на историјата и на јапонскиот премиер Фуми Кишида.
За потсетување, ова е втора посета на Бајден на Јапонија откако ја презеде функцијата во јануари 2021 година.
Подготвено од А.Ѓ.