04.05.2023 Скопје
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен соопшти дека САД имаат одобрено дополнителна помош за оружје и опрема за Украина од 300 милиони долари.
„Ние ќе продолжиме да стоиме покрај нашите украински партнери додека тие се бранат од руската агресија“, рече Блинкен.
Овој пакет помош вклучува дополнителна муниција за системи Химарс, хаубици, артилерија, тенковска муниција, противтенковско оружје, проектили, камиони за транспорт на опрема и резервни делови, како и друга неопходна опрема за зајакнување на украинската одбрана на бојното поле.
Подготвено од А.Ѓ.