11.05.2023 Скопје
Електраните на фосилни горива во САД ќе треба да ги намалат емисиите на стакленички гасови за 90 отсто меѓу 2035 и 2040 година, или ќе бидат принудени да се затворат.
Ова е предвидено со новите правила воспоставени од администрацијата на претседателот Џо Бајден за да се забрза зелената транзиција на американската економија, предодредена по секоја веројатност да наиде на остро противење од Републиканската партија.
Фабриките за јаглен и природен гас моментално покриваат околу 60 отсто од електричната енергија произведена во Соединетите Американски држави, и за да го оправдаат новото заострување, Агенцијата за заштита на животната средина (ЕПА) потсетува дека постројките можат да ги блокираат емисиите на гасови во стаклена градина пред да стигнат до атмосферата, преку технологии.
Алтернативно, операторите во секторот можат да одлучат да го забрзаат затворањето на погоните за фосилни горива. Производството на електрична енергија е денес, по транспортот, вториот извор на глобално затоплување.
Новите правила на EПA ќе се додадат на оние што веќе ги предложи администрацијата на Бајден за да го доведат уделот на електричните автомобили што се продаваат во САД на 50 проценти до 2030 година.
Подготвено од М.Н.