30.05.2023 Скопје
Соединетите Американски Држави би можеле да го ограничат издавањето визи за влез и престој на некои службеници од Уганда како одговор на усвојувањето на „законот против хомосексуалноста“ во таа африканска земја, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен, додавајќи дека САД се „длабоко вознемирени“ од одлуката на претседателот на Уганда, Јовери Мусевени, да го потпише текстот на законот.
Во меѓувреме, американскиот Стејт департмент објави дека работи на ажурирање на упатствата поврзани со Уганда за американските патници и бизниси. Истополовите врски веќе се нелегални во Уганда, но новиот закон предвидува смртна казна за одредено однесување дефинирано како „отежната хомосексуалност“ и 20 години затвор за „промоција“ на хомосексуалноста. Мусувени побара од пратениците да ги отстранат одредбите за „отежната хомосексуалност“ од текстот на законот, но тој сепак одлучи да ја потпише одредбата.
„Законот против хомосексуалноста“ кој ги криминализира сексуалните дејствија меѓу возрасните од ист пол, одобрен од парламентот на Уганда и потпишан вчера од претседателот Јовери Мусувени, претставува „трагично кршење“ на основните слободи и го загрозува растот на економијата на целата земја, изјави претседателот на САД, Џо Бајден, и повика на „итно суспендирање“ на законот.
Бајден истакна дека овој „срамен закон“ е не е единствен во долгата серија на прекршувања на човековите права во Уганда и претставува закана не само за граѓаните, туку и за американскиот персонал присутен во земјата.
Бајден додаде дека побарал од Советот за национална безбедност внимателно да ги процени импликациите и можните влијанија на американскиот закон за позиционирање во Уганда, особено во однос на помошта што и се дава на земјата во рамките на планот за итни случаи за борба против СИДА.
Администрацијата на Бајден размислува и за воведување нови санкции против одговорните за кршење на човековите права во Уганда.
Подготвено од М.Н.