gasovod

23.05.2023 Скопје

Романија сака целосно да ја снабдува Молдавија со енергија и природен гас. Ова го изјави романскиот министер за енергетика Виргил Попеску на Форумот за енергетско разузнавање, додавајќи дека минатата недела е потпишан меморандум за зајакнување на енергетската соработка меѓу двете земји.

За односот со Молдавија, од енергетска гледна точка, Попеску истакна дека тоа е приоритет за Романија, и во однос на снабдувањето со природен гас и со електрична енергија.

„Што се однесува до природниот гас, го имаме гасоводот Јаши-Унгени-Кишињев. Проучуваме зголемување на капацитетот за интерконекција преку овој гасовод. Ние сме во напредна фаза со проектот Сучеава-Балти, линија од 400 kV за директно поврзување на Молдавија со Романија“, изјави романскиот министер Попеску.

Подготвено од М.Н.

About Author