25.05.2023 Скопје
Во најновиот извештај „Нации во транзиција“ на „Фридом Хаус“ се посочува дека Република Северна Македонија забележала демократски напредок изминатата година, но се нотира и силна политичка поларизација.
Во извештајот се мери демократскиот напредок на државите во транзиција за период од една година.
Во Извештајот за напредокот за земјава на известувачот на ЕП за земјава, на бугарскиот европратеник Ќучук, изработен по извештајот на ЕК, се поздравува континуираната посветеност на Република Северна Македонија за интеграција во Унијата, а истовремено се повикува на смиреност, достоинство и зрелост во билатералните односи.
Во извештајот е наведено дека во Република Северна Македонија се нотира силна политичка поларизација и парламентарните блокади, го попречиле усвојувањето на законодавството на национално ниво, но оти прогресот на локалните власти во однос на транспарентноста, граѓанското учество и меѓуопштинската соработка, имал забележително позитивно влијание врз демократијата и исполнувањето на јавни услуги.
На документот, во кој 2030 година се споменува како датум кога земјата би требало да ги исполни условите за членство во ЕУ, се поднесени 320 амандмани од кои 50-тина се од бугарски европратеници, кои треба да бидат разгледани од членовите Комитетот за надворешни работи.
Од земјите во Западен Балкан, Република Северна Македонија е најдобро рангирана. Србија во моментов го дели второто место на Западен Балкан со Црна Гора и Албанија.
Подготвено од М.Н.