27.05.2023 Скопје
Репрезентацијата на Украина на 12-ти јуни ќе одигра пријателски натпревар со Германија, а потоа на 16-ти гостува во Скопје.
Селекторот Сергеј Ребров веќе го објави списокот од 27 фудбалери за трите натпревари кои ќе ги одигра оваа селекција.
Составот на Украина е предводен од најскапиот фудбалер на репрезентацијата, Михајло Мудрик кој во зимскиот преоден рок направи трансфер од 100 милиони евра од Шахтјор во Челси, но засега не е ниту блиску да ја оправда вложената сума.
Покрај Мудрик на списокот се и фудбалерите Андриј Јармоленко (Ал Аин, ОАЕ), Виталиј Миколенко (Евертон, Англија), и Руслан Малиновски (Марсеј, Франција).
Подготвено од М.Н.