zlato rekordna cena

23.05.2023 Скопје

Цената на златото која оваа година скокна за 10,94 отсто, е поттикната од геополитичката нестабилност, вклучувајќи ја војната во Украина и порастот на инфлацијата.

Растот на цената на златото ја поддржаа и светските централни банки на земји како Турција, Индија, Русија и Кина кои купија рекордни количества злато.

Пазарите се разнишани од загриженоста за ова „повторно будење“ на финансиската криза во банкарскиот сектор што како последица предизвика префрлање на средствата на инвеститорите во злато.

Калифорниската банка „Силикон вели“ и њујоршката „Сигначур бенк“ банкротираа во март, потоа европската банка „Креди Свис“, која беше блиску до колапс, но успеа да ја спаси „УБС“ банка.

По тие настани во март, загриженоста околу продолжување на кризата беше ублажена, меѓутоа минатата недела повторно се разбудија стравувањата од продолжување на банкарската криза по веста дека „Фирст Рипаблик“ банка најавила банкрот и дека ќе ја преземе Џеј Пи Морган.

Повеќето трговци се сложуваат дека банкарската криза е факторот кој ги турка цените на златото кон рекордни висини, а се чини дека кризата во овој момент е далеку од крајот и затоа се очекува растот на цената на златото уште да се зголемува.

Подготвено од М.Н.

About Author