25.05.2023 Скопје
Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Фич Рејтингс“ го стави американскиот долг на негативен надзор како одговор на ќор-сокакот во преговорите за долгот во Вашингтон, што ризикува да кулминира со федерално неисполнување на обврските следниот месец.
Соединетите Американски Држави во моментов можат да се пофалат со рејтинг „ААА“, односно највисок можен рејтинг, но без политички договор за максимумот на долгот, може да се соочат со намалување на рејтингот.
Во соопштението, Фич се надева на решение пред одредениот датум, кој не е соопштен во јавноста но предупредува дека кредитните ризици сепак се зголемени.
Коментирајќи го ставот на агенцијата, портпаролката на Министерството за финансии, Лили Адамс, повтори дека иако секретарот за финансии предупредуваше со месеци, политичките судири околу максимумот на долгот предизвикуваат сериозна штета на бизнисите и семејствата во САД.
Американските држави ги зголемуваат трошоците за краткорочно задолжување за даночните обврзници и го загрозуваат кредитниот рејтинг на САД.
Подготвено од М.Н.