01.05.2023 Скопје
Тимот на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид побарал засилени безбедносни мерки од Партизан пред гостувањето во Белград во третиот натпревар од серијата во која српскиот тим води со 0:2.
Реал Мадрид стравува од евентуална одмазда на навивачите на црно-белите по инцидентите кои се случуваа во Мадрид на последниот натпревар.
Кошаркарите на шпанскиот гигант би требало да слетаат во Белград денес, по тренингот кој ќе го одработат во Мадрид.
Натпреварот е закажан за во вторник од 20:30 часот и ќе се игра пред повеќе од 20.000 навивачи.
Подготвено од М.Н.