https://www.flickr.com/photos/nato/43344280061

30.05.2023 Скопје

Премиерот на Албанија, Еди Рама, доцна синоќа реагираше на ситуацијата на северот на Косово апелирајќи до косовските државници да ги слушаат сојузниците со цел ситуацијата да не се влоши уште повеќе, и да не се навлезе подлабоко во опасниот пат каде Косово е повредено на меѓународно ниво заедно со војниците на КФОР, кои се телесно повредени.

Рама во својата објава истакна дека од оваа раскрсница каде што конфликтот се враќа секоја година како производ на минатото, при што Србија ги изложува војниците на границата каде нејзината моќ е еднаква на нула, а Косово ја изложува својата неподготвеност да го финализира дијалогот, единствениот излез е со дијалог и моќни сојузници.

Претходно реагираше и албанската министерка за Европа и надворешни работи Олта Џачка оценувајќи дека „неиспровоцираните насилни напади врз силите на КФОР и медиумите се неприфатливи и мора веднаш да прекинат“.

Рама и Џачка истакнаа дека дијалогот со посредство на ЕУ е патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија и заемно признавање што ќе обезбеди трајна стабилност во косовскиот регион.

Подготвено од М.Н.

About Author