https://www.facebook.com/photo.php?fbid=696027435222183&set=pb.100044447978953.-2207520000.&type=3

04.05.2023 Скопје

Парижаните и се обратија на јавноста по повод собирот на голем број симпатизери на тој клуб пред „Паркот на принцовите“ со цел да го изразат своето незадоволство од постапките на Лионел Меси.

По тој повод кон Аргентинецот се слушнаа многу навреди, меѓу другото и дека е „кучкин син“, што доведе до реакција на клубот.

Во соопштението на фудбалскиот клуб ПСЖ се наведува дека ПСЖ силно ги осудува неприфатливите и навредливи дејствија на мала група поединци. Ништо не може да ги оправда таквите постапки. Клубот им дава целосна поддршка на своите играчи и управата и на сите оние кои се погодени од ова срамно однесување.

Да потсетиме, Аргентинецот реши да отпатува во арапската земја за да го исполни договорот со саудиската туристичка агенција откако двапати го одложуваше.

Според извори од парискиот клуб, 35-годишниот „еднострано“ решил да не присуствува на тренингот закажан за понеделник по неделниот пораз од Лориен со 3:1 и оди на „промотивни обврски“ на илјадници километри од Париз.

Тој веќе бил во авионот за Саудиска Арабија кога го упатил барањето до клубот, кој неочекувано ја променил одлуката и закажал тренинг за понеделник наутро. Логично, Меси не се појави и имаше реакција.

Тој беше суспендиран на две недели и нема да може да тренира со парискиот тим во следните 14 дена, во кои ќе пропушти два првенствени натпревари.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author