https://www.flickr.com/photos/prachatai/51805967004/in/photolist-2mVV86E-NAdBEb-TjjPTs-dzoiKd-21TSjSJ-2nXitQM-29hsmV3-2nje2Tm-fE1P6R-qsuQUw-2j8eHVo-U31gcw-bnaTSg-Y9qvjj-dGXZbA-22iYPjq-QsXQm6-DnsFEN-FCCPqD-ebKocW-21dcVGc-8NZTBC-Zwn1sB-HcA64w-2mfuTRq-2k7UNTj-2mgkxqf-25VdyVX-Ayv59p-Jiu7LR-qYbyFw-WKBsV6-nHPKz6-dAWDPL-FoTf67-2itWqHt-2gzGVo7-EvV2Jd-2kGr1fD-2hpcPWC-YNQ71P-b4GwvV-24wrSAS-29skGgb-MvX6vA-2jbT2xa-TF4dBB-XH5meh-XH5kXL-qqGL5g

31.05.2023 Скопје

Северна Кореја го призна неуспехот во обидот да го стави својот прв шпионски сателит во орбитата, по лансирањето на ракета-носач, откриена утринава од Јапонија и Јужна Кореја.

Пјонгјанг изненадувачки го лансираше сателитот „Manlingyeong-1“ во 6:27 часот оваа наутро (по локално време) од ракетната база Тонгчанг-ри во Сохае, провинцијата Северен Пјонган. Според извештаите од Националната управа за развој на воздушниот простор – севернокорејската вселенска агенција – поставувањето на сателитот во орбитата на Земјата било доверено на нова експериментална ракета-носач, „Чеолима-1“, речиси сигурно базирана на истата интерконтинентална балистичка ракета ( ICBM) технологија тестирана од Пјонгјанг во последните месеци.

Неуспехот на лансирањето веднаш беше претпоставен од страна на јужнокорејското Министерство за одбрана, кое забележа дека проектилот исчезна од својот радар по очекуваната траекторија. Во 9.00 часот, севернокорејските државни медиуми објавија соопштение со која се потврдува неуспехот на мисијата, без да дадат никакви конкретни информации во врска со „значајниот неуспех“ откриен по лансирањето. Во соопштението, севернокорејските власти велат дека веќе се посветени на преземање „технички и научни корективни мерки“ со цел да се изврши ново лансирање „што е можно поскоро“.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден „силно го осуди“ неуспешниот обид на Северна Кореја да го стави својот прв воен шпионски сателит во орбитата на Земјата – портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Адам Хоџ, вели дека лансирањето претставува „употреба на технологија на балистички ракети, што е флагрантно прекршување на повеќе резолуции на Советот за безбедност“ на Обединетите нации.

Во соопштението, САД го обвинуваат Пјонгјанг за „зголемување на тензиите и дестабилизирање на безбедносната ситуација во регионот и пошироко.

Подготвено од М.Н.

About Author