10.05.2023 Скопје
Во Културно-информативниот центар – Скопје, во изложбениот салон „Империјал 1“, утре (11 мај) во 20:00 часот ќе биде промовирана поетската книга „Живот на меѓукат“ од Јовица Ивановски.
За книгата ќе зборува Ѕвездан Георгиевски, а песни ќе читаат Борче Николовски и актерот Исмет Шабановиќ.
Јовица Ивановски е роден во 1961 година во Скопје. Автор е на седумнаесет книги поезија и неколку избори на македонски и на англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за книгата „Човек“ (2019).
Подготвено од А.Ѓ.