17.05.2023 Скопје
Протоците на гас од Либија до Италија се обновени по прекинот кој траеше околу две недели поради обемното реструктуирање на постројките Мелитах, лоцирани на северноафриканскиот брег.
Според либискиот експерт за енергија Махмуд Мохамед, комплексот Мелитах е рестартиран синоќа по 16 дена пауза. Податоците на (СНАМ) за протокот на гас кои се однесуваат на релевантните точки на националната транспортна мрежа всушност покажуваат прекин на протокот на гас од Либија до Италија од 30 април до 15 мај.
Вчера пристигнаа околу 3 милиони кубни метри гас, што го потврди закрепнувањето на протокот, иако е под просекот од околу 7-9 милиони дневно пред реконструкцијата.
Либија може да извезува до 10 милијарди кубни метри гас годишно во Италија преку Гринстрим, гасоводот што ја поврзува Сицилија со гасните полиња на Ени во Либија.
Во 2022 година, Ени произведе 9,3 милијарди кубни метри гас во Либија. Од нив, 2,5 милијарди кубни метри гас, или нешто помалку од една третина, пристигнале во Италија преку гасоводот Грин Стрим, додека 6,8 милијарди кубни метри биле наменети за домашниот пазар, за производство на електрична енергија.
Бројки кои всушност би можеле да се променат, но само со откривање на нови огромни полиња на гас (во овој поглед, Ени врши различни истражувања и на брегот) и изградбата на нови постројки за комбиниран циклус или големи постројки од обновливи извори на енергија, особено соларна енергија.
Подготвено од М.Н.