враќање домаа

18.05.2023 Скопје

Девет претстави во официјална, седум од независна продукција, две од придружна програма и една дипломска претстава ќе бидат дел од програмата на годинашниот, 57. Издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, кој годинава ќе се одржува под мотото „Враќање дома“.

Фестивалот ќе почне со претставата „Инферно“ на театарот „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“ од Велес на 9 јуни во Прилеп, а Српско народно позориште од Нови Сад пак, ќе го затвори фестивалот на 16 јуни со претставата „Последниот балкански вампир“ по текст на Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски.

Програмата е конципирана во четири нивоа: официјална селекција, ОФФ актива, независна продукција што игра македонски автори и Видеопрограма.

Годинашни добитници на наградата за животно дело се Петар Темелковски, актер, кој воедно беше и долгогодишен претседател на Собранието на Фестивалот и актерот Петар Мирчевски.

На Фестивалот првпат се воведува „Автор во фокус“, а годинава тоа ќе биде Коле Чашуле, драмски автор, писател, есеист, општествен деец. Секојдневно ќе се одржува тркалезна маса за претходно одиграните претстави, а достапна е и редизајнираната веб-страница на Фестивалот, www.mtf.com.mk.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author