09.05.2023 Скопје
Од МВР соопштија дека вчера вечер околу 20.45 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово, ги лишиле од слобода 47-годишниот Ф.Ш. и 41-годишниот Б.Ш., двајцата од Тетово.
При претрес, од страна на полициски службеници, извршен со судска наредба во нивниот дом, биле пронајдени и одземени хероин, две странски возачки дозволи и лична карта за кои постои сомнение дека се фалсификувани, стои во соопштението на МВР.
Двајцата приведени биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.
Подготвено од М.Н.