23.05.2023 Скопје
Со изведбата на претставата „Нема струја за електричниот стол” на театарот „Јордан Х. К. Џинот” од Велес, во режија на Дејан Пројковски и врачувањето на наградите на најуспешните во Битола е спуштена завесата на годинашниот 24 фестивал на монодрамата.
Најпрестижното признание на годинашниот фестивал наградата „Гран При“ му беше доделено на актерот Јанјиндулам Рагкасурен од Монголија, за претставата „Кој сум јас“.
Инаку годинашното 24 издание на Интернационалниот Фестивал на монодрамата во Битола, кој се одржа во организација на Центарот за култура под мотото „Да се биде” траеше девет дена.
На Фестивалот учествуваа актери од Естонија, Монголија, Италија, Шпанија, Црна Гора, Косово, Израел, Србија, Хрватска, Литванија и од Македонија, со вкупно 13 монодрами.
Новина на фестивалот годинава беше конкурсот за македонски монодрами и по пауза од повеке од 15 години беше обновен конкурсот за монодрамски текст. Во рамките на Фестивалот на монодрамата беа организирани работилници за пантомима, како и офф програма која внесе позитивна енергија во Битола надвор од театарските сцени.
Подготвено од А.Ѓ.