23.05.2023 Скопје
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, кој престојува во посета на Белгија денеска во Брисел ќе има средби со премиерот Александар Де Кро и со кралот Филип.
Претседателот Пендаровски заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски денеска ќе присуствува и на бизнис форум на кој пред белгиски компании ќе бидат презентирани можностите за инвестирање.
Пендаровски заедно со Бектеши и Деспотовски вчера се обрати и на бизнис форум во Антверпен на кој истакна дека Белгија е важен политички и економски партнер на Република Северна Македонија и една од првите држави која ги согледала можностите за инвестирање во државата.
Претседателот Стево Пендаровски посетата ќе ја заокружи со посета на на белгискиот Сенат каде ќе се сретне со претседателката Стефани Д‘Ос, а претходно ќе има средба и со претседателката на Домот на претставниците на белгискиот Парламент Елијан Тилјие.
Подготвено од М.Н.