01.05.2023 Скопје
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на својот официјален фејзбук профил објави првомајска порака во која наведе дека треба да се унапредат работничките права во државата, и да се допринесе поголем просперитет.
Пендаровски посочува дека развојот и напредокот на Република Северна Македонија, воедно и предуслов за младите да останат во својата татковина, во голема мера зависи од условите за работа и современите стандарди на работниците.
Пендаровски додаде дека треба постојано да се преиспитуваат остварените права на работниците, и да се спречи нивна експлоатација, и најважно, да се размислува како да се унапредат работниците за да се донесе поголем просперитет кај сите.
„Треба да се посветиме на обезбедување можности за сите, бидејќи секој работник заслужува почит и има право на достоинствен живот“, истакна претседателот на Република Северна Македонија.
Подготвено од М.Н.