ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕС ЌЕ ЈА ПОСЕТИ ИТАЛИЈА

25.05.2023 Скопје

Премиерката на Италија, Џорџија Мелони, денес во Болоња ќе ја пречека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Мелони ќе ја придружува Фон дер Лејен за време на хеликоптерскиот лет над областите погодени од поплавата, а потоа е предвидено и да одржат заедничка прес-конференција со новинарите.

Премиерката на Италија потоа ќе отпатува во Рим на состанок на Советот на министри, кој е закажан за 18 часот, и на кој ќе треба да се донесат дополнителни одлуки за управување со вонредни состојби во областите погодени од лошите временски услови.

Подготвено од М.Н.

About Author