https://www.facebook.com/photo/?fbid=701309335331818&set=pcb.701309435331808

19.05.2023 Скопје

Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денес точно напладне најави средба со лидерите на партиите од владејачката коалиција, соопштија од владината прес-служба.

Средбата на партнерите во власта доаѓа откако неколку помали партиии најавија заминување од владејачката коалиција.

Партијата „ДОМ“ на Маја Морачанин најави дека ќе ја напушти доколку не се прифати нивното долготрајно барање за промена на изборниот модел, а „Достоинство“ на Стојанче Ангелов, доколку биде одбиена иницијативата на партијата за згрижување на воените инвалиди и на семејствата на бранители загинати во конфликтот во 2001 година.

Повикот на Ковачевски за средба на коалициските партнери доаѓа и по седницата на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз, на која беше заклучено дека поддршката од САД околу евроинтеграцијата на земјава не треба да се пропушти, како и дека партијата ќе направи „се што е до неа за да продолжи напредокот кон Европската Унија“.

Подготвено од М.Н.

About Author