08.05.2023 Скопје
Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, кој е во посета на САД, од Њујорк замина за Вашингтон каде што во текот на дводневната посета треба да се сретне со државниот секретар Ентони Блинкен.
Ковачевски во Вашингтон ќе има средби и со специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик-помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар, заменикот советник за национална безбедност на САД, Џонатан Фајнер, советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле, специјалниот пратеник и координатор на Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот на САД, Џејмс Рубин, соопштија од владината прес-служба.
Од владината прес-служба исто така соопштија дека премиерот Ковачевски, како дел од работната посета на Вашингтон, ќе го посети универзитетот „Џон Хопкинс” во Вашингтон каде по средбата со деканот Џејмс Стајнберг, ќе одржи предавање за предизвиците и можностите за Република Северна Македонија и земјите од Западниот Балкан на нивниот европски пат. Исто така, највена е и средба на премииерот со претставници на македонската дијаспора во САД.
Подготвено од М.Н.