Image by jannoon028 on Freepik

04.05.2023 Скопје

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски истакна дека досегашните анализи кои се направени покажуваат дека има можности од јули да се врати евтината тарифа поради падот на цената на струјата на светската берза.

Бислимоски појасни дека до почетокот на јуни треба да бидат направени сите анализи за враќање на евтината тарифа, бидејќи цените на светската берза бележат значителен пад и тоа овозможува повторно да се воведе евтина струја два часа преку ден.

„Цените сега овозможуваат ЕСМ и ЕВН да набавуваат струја на слободниот пазар, со цел да се чуваат ресурсите, односно јагленот и водата за зимскиот период, кога не се знае какви ќе бидат цените на струјата“, додаде Бислимоски.

Во октомври 2017 година беше воведена евтината тарифа преку ден, но Владата ја укина на 1 јануари 2022 година, бидејќи имаше зголемување на цената на електричната енергија за 9,48 отсто и ако останеше евтината тарифа граѓаните ќе требаше да плаќаат поскапа струја за 14,23 отсто.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author