saturn

17.05.2023 Скопје

Откривањето на 62 претходно неоткриени сателити околу „шестиот сончев камен“ го постави Сатурн цврсто на водството во нашиот Сончев систем.

Поради новото откритие, прстенестата планета на нашиот систем сега има вкупно 145 официјално признати сателити, далеку пред нејзиниот поголем сосед Јупитер кој има „само“ 92 сателити.

Уште поважно од самото откритие, велат научниците, е тоа што ја покажа ефективноста на новата техника за откривање мали сателити околу џиновските планети.

Со поместување, натрупување и споредување фотографии направени од бројни сонди и телескопи во текот на годините, тимот предводен од астрономот Едвард Ештон од Институтот за астрономија и астрофизика во Тајван успеа да пронајде сателити со пречник од само два и пол километри.

И овие новооткриени мали придружници, исто така, им помагаат на астрономите да ја спојат сложувалката од минатото на Сатурн.

Во спротивно, многу е тешко да се лоцираат малите сателити кои орбитираат околу Јупитер и Сатурн. Двете планети се најголеми во нашиот систем и се многу светли, особено кога се гледаат од Земјата бидејќи Сонцето секогаш сјае на нив од тој агол.

Фактот што откриле толку мали сателити им открива на астрономите дека повеќето од нив настанале како резултат на судири меѓу поголеми сателити.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author