holandija saudiska arabija potpisan memorandum

12.05.2023 Скопје

Министерот за енергетика на Саудиска Арабија, Абдулазиз бин Салман и холандскиот министер за економски прашања и климатска политика, Мики Адриаансенс, вчера потпишаа меморандум за разбирање за воспоставување соработка во секторот за водород.

Оваа информација ја соопштија саудиските медиуми, прецизирајќи дека средбата се одржала на маргините на меѓународниот состанок за водород, кој започна на 8 мај во Ротердам.

Според Абдулазиз бин Салман, Холандија може да биде главната дестинација во Европа за водородни деривати произведени во Саудиска Арабија.

„Ротердам може да биде наш центар во Европа“, изјави саудискиот министер, додавајќи дека Холандија и Германија би можеле да бидат „природни партнери“ на Саудиска Арабија во трговијата со зелен водород.

Подготвено од М.Н.

About Author