16.05.2023 Скопје
Всеволд Књезев, кој е претседател на Врховниот суд на Украина од 1 декември 2021 година, приведен е за поткуп од 2,7 милиони долари.
Националното биро за борба против корупцијата на Украина објави дека заедно со Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата откриле корупција од големи размери во Врховниот суд.
Извор од органите за спроведување на законот потврди за украински медиуми дека претседателот на Врховниот суд на Украина, Всеволод Књазев, е прогласен за приведен за земање мито од 2,7 милиони долари.
Апсењето беше објавено вчера, кога украинскиот претседател Володимир Зеленски се врати во земјата по тридневната турнеја низ Европа.
Претседателот Зеленски изјави дека добил ветувања за поголема помош од сојузниците и увери дека поддршката за пристапот на Украина во Европската унија е зголемена.
Подготвено од М.Н.