31.05.2023 Скопје
Поплавите во италијанскиот регион Емилија Ромања уништило мека пченица што е еднаква на производство на 200 милиони килограми леб. Ова е проценката на штетата предизвикана од поплавата во Емилија Ромања за житниот сектор на Колдирети и земјоделските конзорциуми на Италија (Каи) презентирани по повод „Деновите на теренот 2023 година“.
Загуба што ги намалува проценките за националното производство на пченица во Емилија Ромања која е со земјоделска површина од над еден милион хектари обработена земја, покрај тоа што претставува осум проценти од италијанската земјоделска површина, во секој поглед е област со житни култури од апсолутно значење.
Од околу 570.000 хектари мека пченица на национално ниво во Емилија Ромања, оваа година се засеани 160.000 хектари, нешто помалку од 30 отсто од целата национална површина.
Според мониторингот на Колдирети и Каи, поплавата ја чинеше Емилија Ромања намалување на производството помеѓу 12 и 15 отсто од пченицата, а штетата најмногу е концентрирана помеѓу Форли, Чезена, Равена и Фаенца и делумно во областите Болоња и Римини.
Подготвено од М.Н.